9 бонтон правила за носење на парфем

од Elena Daskalova

Парфемите се едно пријатно, мирисно искуство, а особено е важно да ги почитувате и основните бонтон правила, кои верувале или не, постојат и за овој дел од животот.

Можеби ви се чини дека нема ништо спорно и комплицирано во нанесувањето мирисна течност на својата кожа, но сепак, мора да обрнете внимание на следниве 9 правила:

Прилагодете го на приликата

Сосема е очекувано дека во изборот на парфем клучен е вашиот индивидуален вкус, но имајте предвид дека треба да го „погодите“ за приликата. На пример, преку ден не треба се „капете“ со парфемот и да бидете нападни, а кога е топло, избирајте понежни мириси, а потешките чувајте ги за вечерни пригоди.

Нанесувајте на чиста кожа

Ова се подразбира – нанесувајте парфем на чиста кожа и никогаш не се обидувајте да замаскирате телесен мирис со него.

Некогаш е добро воопшто да не го ставате

Ако одите на лекар, на посета во болница, на вежбање или слично, подобро е да не нанесувате парфем. Ако потоа треба да се појавите на друг настан, носете го шишенцето со себе.

Не нанесувајте парфем во јавен превоз

Луѓето кои го користат истиот автобус не се должни да го вдишуваат вашиот парфем. Имајте предвид дека на сите парфеми им треба време да „легнат“ на кожата. А и никогаш не можете да знаете дали на некој му пречи парфемот.

Користете тоалетна вода преку ден

Тоалетните води користете ги наутро и во текот на денот, додека парфемските концентрации треба да ги оставите за вечерните пригоди.

Имајте го предвид и годишното време

Во зима можете да си дозволите тешки, ориентални и гурмански парфеми, но во останатите месеци потребно е да користите помалку интензивни, овошни и цветни комбинации. Парфемите со чисти ноти се наменети за лето и премногу топло време.

Не прскајте парфем на облеката

Имајте предвид дека едно е како мириса парфемот на кожа, а сосема друго е како мириса на облека. Нормално е облеката да впие дел од мирисот од вас, но не треба да го прскате, бидејќи секоја ткаенина различно реагира со мирисните молекули.

Нанесувајте го правилно

Парфемот се нанесува на пулсирачките точки, зад ушите и на рачните зглобови. Не ги тријте зглобовите еден од друг. Избегнувајте прскање по целото тело.

Некои мирисни ноти се само за ретки прилики

Постојат мирисни ноти и состојки кои се специфични и претешки за мноштвото луѓе. Уживајте во нив вие и љубителите на парфемите, а за во канцеларија, за во театар, за каква и да е пригода на која ќе бидат присутни повеќе гости, треба да бидете подискретни и да изберете поуниверзален мирис кој им се допаѓа на поголема група луѓе.

Слични содржини