Албански државјани илегално влегле во земјава и си се шетале во полициски час на Рамазан Бајрам

од Берта Китинска
231 прегледи

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, државјани на Република Албанија, кои илегално влегле во земјава, а од полицијата биле затекнати на подрачјето на Маврово Ростуше како се движат за време на полицискиот час.

Полициски час

„Обвинетите, на 24 мај, на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, ги прекршиле правилата за ограничување на движењето за време на полицискиот час, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. При проверка на нивниот идентитет, било утврдено дека обвинетите, на возраст од 31, 32 и 34 години, илегално влегле на територијата на Република Северна Македонија“,соопштија од ОЈО.

На тројцата илегалци им е определена мерка притвор од 8 дена поради опасност од бегство. Тие се товарат и за кривично дело по член 206 став 1 за непостапување по здравствените прописи во време на епидемија.

Слични содржини