Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски го посетиле повредениот колега, полициски службеник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Имено, полицискиот службеник додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото.
По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните.
За жал и денеска заедно со министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски посетивме наш колега во Комплекс…
Публикувахте от Oliver Spasovski в Събота, 26 септември 2020 г.