Јовиќ позитивен на коронавирус

од Vladimir Zorba
621 прегледи

Лука Јовиќ, напаѓачот на Реал, е заразен со коронавирус, објави клубот од Мадрид.

Српскиот напаѓач се разбуди за време на репрезентативната пауза и со трите гола во дресот на „орлите“ навести дека може повторно да му се наметне на Зинедин Зидан, но неговите планови беа расипани од коронавирусот.

„Кралскиот клуб“ објави дека Јовиќ е позитивен на последниот тест и дека се соочува со период на изолација.

Слични содржини