281
Италија ќе им дава една доза од вакцината на оние кои веќе биле заразени со коронавирус, објави италијанското Министерство за здравство.
Единечна доза на вакцина може да се даде на оние кои имале инфекција со САРС-КоВ-2, симптоматска или асимптоматска, се вели во соопштението на Министерството, пренесе „Ројтерс“.
Препораката се однесува на луѓе на кои им бил дијагностициран ковид 19 пред три до шест месеци.
Франција и Шпанија објавија слична политика минатиот месец.
Исто така, германскиот институт за инфективни болести „Роберт Кох“ појасни дека препораката луѓето кои веќе прележале ковид 19 да примаат само една доза од вакцината се однесува на сите одобрени вакцини, а не само на „АстраЗенека“, како што беше претходно најавено.