Џафери ја обвини ВМРО-ДПМНЕ: Поставуваат ултиматум и ја злоупотребуваат здравствената состојба на пратениците

од Nikola Popovski
329 прегледи

Собранискиот спикер Џафери ја одложи седницата закажана за утре на која на дневен ред се околу 30 тина точки. Тој изјави дека ќе почека до четврток, кога ќе излезе еден од двајцата пратеници од мнозинството кои се во изолација, за да се одржи 36. седница, на која, меѓу другото, на дневен ред е и петтиот пакет мерки за помош на економијата.

Џафери обвини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ поставила ултиматум дека ќе прави кворум но само доколку се дискутира за според нив најважните точки што според Џафери се коси со деловникот, бидејќи сите точки веќе се ставени на дневен ред.

„Опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците, во услови на пандемија“, изјави Џафери.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека одбивањето на нивниот предлог покажува кој всушност го блокира Собранието.

За власта, однесувањето на ВМРО ДПМНЕ е безобразна злоупотреба на отсуството на пратеници од мнозинството заради пандемијата. Се сомнева во договор меѓу опозициските партии.

На седницата која требаше да се одржи утре се и точките за 5 тиот пакет економски мерки од справување со кризата за кои веќе постои согласност дека ќе ги гласаат и Владејачкото мнозинство, но и ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така беа ставени и двете интерпелции на министерот за правда Маричиќ и министерот за борба против корупција Љупчо Николовски. За сега нема најава кога оваа седница ќе биде свикана. Но како што посочи и собранискиот спикер Џафери истата ќе ја свика кога ќе биде сигурен дека ќе има кворум.

Слични содржини