264
Според сите проценки околу 60 проценти ја имаат прележано заразата и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите – вели микробиологот Никола Пановски за Алфа.
Смета дека вирусот нема да се шири како претходниот и додава дека се што е на отворено не е опасно.
„Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста. Меѓутоа сепак впечатокот е дека заразата нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно. Но и топлото време има влијание за намалување на бројките“, вели Пановски.