446
Вечерва членовите на групата „Ураган“ ќе настапат во финалето на 65-та „Евровизија“, што годинава се одржува во Холандија, а претставничките на Србија се соочиле со обвинувања дека песната „Локо Локо“ всушност е плагијат .
Наводите за наводен плагијат се објавени на Твитер.
Фановите на италијанскиот музичар Лука Маркана, кој се претставува со уметничкото име „Ака 7Евен“, не престануваат да објавуваат линкови до неговата песна „Лока“ во коментарите под најавите за групата „Ураган“, тврдејќи дека Ксенија, Сања и Ивана ја украле.
Okay ora stream loca pic.twitter.com/WuXXZsUxxf
— Alexita (@Metanoia__4) May 20, 2021
Некои фанови на Евровизија изјавуваат дека единствени сличности се зборовите „Лока“ и „Рам па па пам“.