Австралиските власти започнаа да евакуираат неколку стотици осуденици од еден затвор поради наезда на глувци, соопштија локалните власти, додавајќи дека затворениците ќе бидат префрлени на друго место додека не се санира штетата предизвикана од глодарите.

Глувците оштетиле sидови и грицкале кабли во затворот во Велингтон, Нов Јужен Велс.

„Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и притворените лица се наши врвни приоритети. Затоа е важно да се дејствува што е можно побрзо “, изјавија локалните власти.

Повеќе од 400 затвореници и 200 вработени ќе бидат префрлени во други институции до крајот на јуни.

Источниот дел на Австралија е цел на инвазија на глувци кои влегуваат во куќи и уништуваат посеви со месеци. Глодарите се појавија во октомври поради исклучително добра жетва по големата суша.

Слични содржини