Нашето население заради топлото време и заради тоа што ни се случи со вториот, а посебно со третиот бран на коронавирусот, да ја вклучиме тука и вакцинацијата, на некој начин има имунитет на досегашните соеви. Ние не знаеме дали имаме и колку имаме имунитет против индискиот сој. Да се надеваме дека имаме, меѓутоа мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Дневникот на ТВ Сител.
– И ако проф. д-р Даниловски, којшто е бард во епидемиологијата, кажува дека треба контрола на луѓето коишто доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите луѓе коишто одат на одмор во земји каде што постои делта-сојот, а комисијата тоа го игнорира, треба да објасни зошто тоа го игнорира. Дали овој човек(проф. д-р Даниловски) не знае што зборува или тие во договор со Владата и економските интереси носат мерки коишто не се баш оправдани од здравствен аспект?Нема логика ако кај нас има шест случаи дневно, а во Грција има 800. Ако Грција е петпати поголема, израчунајте дека тоа е како 30 наспроти 800. Значи, во Грција има 25 пати повеќе случаи на коронавирус отколку во Македонија, од кои 50 проценти се делта-сој. И сега што се случува? Тие нас нѐ тестираат, земја без случаи заболени од делта-сој, што е ненормално. А, кога се враќаат тука можат да влезат. Значи, 25 пати повеќе заболени, од кои половина се со делта-сој кој можат да ни го внесат кај нас. И Грците, и Србите, па и нашите коишто патуваат таму.
За Бугарија не сакам ни да зборувам, но реципроцитет барем кон Бугарија можеме да имаме. Откако ни ги дадоа тие 5000 вакцини кои сѐ уште не се стигнати, ние се тестираме за да влеземе во Бугарија, а тие иако имаат 10 пати повеќе заболени по број на жители, можат да влегуваат во Македонија. Има ли логика во здравствените мерки?, прашува д-р Пановски.