Мерката за затворање во Сиднеј ќе биде продолжена до 30 јули, додека австралиската држава Нов Јужен Велс продолжува да се бори против растечкиот кластер на коронавируси, соопштија локалните власти.
Одлуката за продолжување на блокадата за две недели, врз основа на совети од здравствените власти, ја објави премиерот Гледис Береџиклиан на прес-конференција.
Денес се евидентирани вкупно 97 локални инфекции, а во најмалку 24 случаи станува збор за луѓе кои слободно се движеле во заедницата.
Береџиклиан рече дека за да се укине блокадата, потребно е бројот на заразени лица да биде „што е можно поблизу до нула“, пренесе агенцијата ДПА.
Граѓаните мора да останат дома и им е дозволено да излегуваат надвор од суштински причини, како што се работа, лекување, да им помагаат на другите, потоа да купуваат основни намирници и да се занимаваат со рекреација.