Согласно последните бројки на Институтот за јавно здравје, забележани се 12 починати лица од Ковид-19. Според билансот, 6 починати лица се од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г).
Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.