Ова е поуспешен штрајк како за почеток тој во 2015 година, а во 2019 година беше еднодневен штрајк. Имало и успешни штрајкови во 2008, каде што имаше голема масовност. Не може да се мери. Важни се резултатите од штрајкот. Не сме популистички синдикат и да направиме нешто само за јавноста да не гледа. Ова го правиме во интерес на членството и постигнување на резултатите. Во тој аспект задоволни сме, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков во гостувањето на емисијата „Топ тема“, по повод денешниот штрајк на просветните работници и вработените во културата.
Неделков најави кривични пријави за секој оној што ќе го попречи организирањето на штрајкот.
-Не дека сега е тука министерот па нешто да кажувам дека во образованието нема такви случаи, меѓутоа во градинките имавме притисок. Се подготвува кривична пријава за директорка на градинка во Битола, веројатно ќе има и други за кривични за директори. Многу е сериозен прекршокот да се попречува организирањето на штрајкот, потенцира Неделков.