Претседателот Ковачевски ја тргна блокадата, сообраќајниците во Скопје им се вратени на граѓаните, кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска не се веќе на грбот на скопјани, велат од СДСМ.
Од партијата потенцираат дека одблокираните скопски улици се придобивка за граѓаните на Скопје и очекуваат улиците да останат отворени и граѓаните да можат да се движат слободно во главниот град.
-Во наредниот период сите засегнати страни, од градот Скопје и превозниците треба да седнат и да разговараат за изнаоѓање на решение. Преку дијалог, без закани и НЕ врз грбот на граѓаните! Граѓаните на Скопје плаќаа превисока цена со блокадите, само поради кавгите на Мицкоски и Арсовска, соопштија од „Бихаќка“.
Ова следув откако вчера откако приватните превозници, кои во знак на протест две недели го блокираа Скопје, ги повлекоа автобусите и чекаат покана за разговор со премиерот Димитар Ковачевски.
Претходно Ковачевски рече дека ќе се сретне со превозниците под услов да ги напуштат улиците на градот, а на средбата да присуствуваа и претставници на градската власт во Скопје, во чии раце е решавањето на проблемот.