Ескобар: Конечен договор меѓу Србија и Косово е можен оваа година

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во Белград изјави дека конечниот договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово би можел да биде постигнат до крајот на оваа година и оти смета дека тоа е сосема можно.

На прес-конференција во американската амбасада на крајот од посетата на Белград, Ескобар рече дека Заедницата на општини со српско мнозинство е дел од претходно потпишаните договори и меѓународна обврска која мора да се исполни, но изрази и уверување дека нејзината формирањето сега е поблиску отколку пред еден месец.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ескобар нагласи дека сега не се зборува за меѓусебно признавање на Косово и Србија, туку за нормализација на нивните односи.

Во пресрет на средбата на лидерите на Косово и Србија во Охрид на 18 март, Ескобар ги повика двете страни да бидат многу сериозни, флексибилни и конструктивни во потрагата по нови можности и да имаат визија да ја искористат можноста која им ја даваат Европа и САД.

Ескобар дојде во Белград во пресрет на средбата на лидерите на Косово и Србија во Охрид на 18 март, а по Белград ќе отпатува за Приштина. Во рамките на подготовките за средбата во Охрид, Приштина и Белград претходно ги посети специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Слични содржини