Поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович би можел да купи нов фудбалски клуб. Според AS, рускиот милијардер е заинтересиран да ја купи Валенсија.
Навивачите на шпанскиот тим се надеваат дека со евентуална промена позицијата на клубот значително ќе се подобри.
Актуелниот сопственик на Валенсија, Питер Лим, се обиде да му го продаде клубот на Абрамович и пред две години, кога бараше 250 милиони евра, вклучувајќи ги и долговите.
Абрамович стана сопственик на Челси во 2003 година. По санкциите наметнати на руските олигарси во 2022 година поради војната во Украина, бизнисменот беше принуден да го продаде англискиот клуб.
За време на ерата на Абрамович, Челси стана шампион на Англија пет пати во 19 години, го освои ФА Купот пет пати, Лига купот три пати, ФА Суперкупот два пати, двапати ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа и еднаш го освои Суперкупот на УЕФА, а еднаш триумфираше во светското клупско првенство.