Седум лица беа осудени во Грција за измамите со земјоделските субвенции, јавија грчките медиуми. Вкупно седуммина Грци што беа обвинети за фалсификување документи со кои незаконски зеле земјоделски субвенции од ЕУ се прогласени за виновни, но конечните пресуди уште не се изречени.
Обвинетите ја признаа вината и ги вратија на државниот буџет незаконски земените евра, во обид да се изборат за пониска казна.
За случајот познат и како „Бананите на Олимп“, се дискутира и во грчкиот парламент.
Според досега утврденото, подолго време се одвивала систематска злоупотреба на субвенциите, во што учествувале и поранешни министри за земјоделство од редовите на владејачката Нова Демократија. Во истрагата се откриени исплати од грчката државна агенција Опекепе за илјадници непостоечки овци и кози, како и за плантажи за банани на планината Олимп, каде никогаш не е одгледувано ова тропско овошје, но и за други пример земање субвенции за непостоечки капацитети или за обеми десеткратно поголеми од реалните.
Во Грција тече акцијата за расчистување на случајот на „бананите на Олимп“