Величковски: Декларации со црвени линии се патетики на квартетот Мицкоски, Силјановска-Давкова, Муцунски и Филипче

Нијансите не не’ интересираат кога ефектот е погубен и за македонскиот народ и за нацијата на С. Македонија, вели Величковски

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Принтскрин

Нијансите не не’ интересираат кога ефектот е погубен и за македонскиот народ и за нацијата на Северна Македонија. Преговарачката рамка е јасна, како и нашите обврски во неа. Ништо повеќе или помалку, вели Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република за најавената Декларација на СДСМ со црвени линии која треба допрва да биде презентирана во јавноста.

Во разговор за „Локално“ вели дека еден од условите што го поставиле за опозициска соработка како партија бил до 16 јануари да биде поднесен амандманот за дополнување на Преамбулата и соодветно членовите во Уставот.

-Тоа беше потребно. Овие „декларации, политички дијалог“… се патетики на квартетот Мицкоски, Силјановска-Давкова, Муцунски и Филипче за по партиски средби и држење лажни теми во медиумите на македонски јазик, истакна Величковски.

Нова Декларација, стари обврски: „Опозицијата сака да го поттурне процесот, иако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го запираат патот на евроинтеграциите“