Топмоделот Кара Делевин страда за мајка си, која се бори со хероинска зависност.
“За мајката на Кара – Пандора, секој ден е борба. Во моментов е трезна, но до кога? Кога си зависник од хероин, ништо не се знае”, раскажува близок на Делевин, кој побарал анонимност.
“Од хероинот нема извлекување. Нема поранешен наркозависник. Поентата е да ги држиш работите под контрола. Кара ужасно се грижи за својата мајка. Прави што може за неа, но и покрај тоа борбата е тешка. Пандора е во спирала од која се обидува да се извлече “.
Самата Делевин забележува: “Страста на мама за хероин стави белег на моето детство. Ја обожавам мајка ми. Таа е силен човек со големо срце. Но, борбата е тешка. Познавам луѓе кои успеале да се изборат. Но,за мама борбата продолжува”.