Тешко дека ќе уживате во јадењето, ако во него недостасува сол. Но, овој зачин се покажува многу повеќе од ваш сојузник на трпезата. Солта има специфични својства, кои може да се применат и во секојдневниот живот за работи за кои не сте ни сомневале.
Еве некои идеи како да ја користите:
1. За чистење на зеленчук
Солта има антимикробно дејство. Затоа кога го миете зеленчукот може да користите посолена вода за отстранување на нечистотијата во него.
2. Солта чисти метал
Натопете ги рацете со вода и ставете ги во сол. Потоа земете го валканиоот метал и поминете го, веднаш ќе видите како тој ќе блесне.
3. Ги отстранува дамките од кожата
Има овошја и зеленчук кои ја бојат кожата и е тешко да бидат отстранети со вода и сапун. На помош повторно доаѓа солта. Натопете го местото и ставете врз него малку сол, а потоа нежно тријте без да ја раните кожата и измијте.
4. Брани од мравки
Некои луѓе се борат со лебарки, други со мравки. Ако овие животинки одбиваат да ја напуштат кујната, посипете сол околу храната која ја напаѓаат и така ќе ги задржите од рацијата.
5. Солта ги убива плевелите
Солта е голем помошник на градинарите, бидејќи има својство да ги убива плевелите.Посипете зачин на местото каде што растат и потоа искоренете ги. Таму повеќе нема да се појавуваат овие «штетници».
6. Го штити млекото од расипување
Звучи неверојатно, но со додавање на малку сол во млекото, може да се продолжи животот и да го заштитите од расипување.
7. Отстранува лош мирис
Може да поставите пакет сол во чевли, плакари, полици и т.н, за да се ослободи од мирисот на застојаност.
8. Ги прави забите здрави
Измешајте малку сол и синапово масло со пастата за заби и масирајте ги непцата и забите. Така ќе ги направите здрави и ќе ги отстраните бактериите по нив.