Независниот кандидат, поддржан од Зелените, Александар ван дер Белен е новиот австриски претседател.
Австриската крајна десница го призна поразот во вториот круг од претседателските избори во Австрија по оспоруваната трка. Во понеделникот кандидатот на десничарската Партија на слободата Норберт Хофер изјави на социјалните мрежи дека се чувствува тажен од поразот. Тој доби 49,7% од гласовите на избирачите наспроти 50,3% за независниот му противник и поранешен лидер на партијата на Зелените Александар ван дер Белен. Трката меѓу двајцата беше исклучително неизвесна, и до последен момент не беше јасно кој од нив ќе биде фаворит на избирачите.
Во првиот круг победник беше Хофер со 35% , што беше со близу 14 поени повеќе од тоа на Ван дер Белен. При првичното пребројување на резултатите по вториот круг, пред додавањето на гласовите добиени по пошта, исто така не можеше да се утврди сигурен победник. Како Хофер, така и Ван дер Белен имаа еднакви резултати од 50%. Малку подоцна, по пребројувањето на еден дел од гласовите од поштата, Хофер добие предност од 3,8%. Тоа сепак брзо успеа да се среди по конечното пребројување на “мејлинг” гласањето, кое од оваа година се покажа одлучувачко. На крајот минималната разлика меѓу двајцата претставува гласот на 31 026 Австријци.
Иако со поддршката на голем дел од гласачите, Норберт Хофер не успеа да се избори за претседателската функција. Непосредно пред објавувањето на официјалните резултати самиот Хофер го призна поразот во социјалните мрежи. “Се разбира дека сум тажен”, рече Хофер на “Фејсбук”. “Но, ве молам, не бидете обесхрабрени. Напорите во оваа предизборна кампања не се залудни, тие се инвестиција во иднината “, посочи тој. Хофер успеавме да освоиме избирачи, искористувајќи го големиот број мигранти кои пристигнаа во Австрија во последната една година. Неговата предизборна стратегија личи на онаа на другите крајнодесничарски партии во Европа, како оние во Германија, Франција и Велика Британија. Од своја страна, Ван дер Белен изјави по гласањето дека последните две недели се покажале од клучно значење за неговата кампања. “Многу малку луѓе сметаа дека ќе успеам да победам”, рече тој доцна во неделата. “Но, во последните 14 дена имаше такво засилување кај гласачите – музичари, актери, работници – сосема различни луѓе од сите генерации и сфери на општеството”, додаде тој.
Со победата на Ван дер Белен за прв пат од 1945 година, претседателот на Австрија нема да е од една од двете водечки партии. Досега Социјалдемократската партија и нејзините десничарски коалициски партнери од Народната партија доминираа во политичкиот живот во Австрија. Двете партии претрпеа тежок пораз во првиот круг на изборите, останувајќи на четвртото и петтото место со само 11% од поддршката на избирачите. Тоа го потврди случувањето во последниве години на политичка трансформација на австриското општество – последица од губењето на доверба меѓу населението кон формирање од двете партии коалициски влади поради неисполнети ветувања и нерешителена и неконзистентни акција за време на миграциската криза, што го искористија десните сили. Фактички политичкиот “центар” во Австрија исчезна и општеството се раздели на крајно леви и десни. / АФП