Папата Францис упати важен апел од џамија

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Никогаш повеќе насилство во името на Бог, повика тој при посета на Азербејџан

1475428432-15

Папата Фрањо посети џамија при посетата на население претежно со муслимани Азербејџан денес, пренесе Ројтерс. Никогаш повеќе насилство во името на Бог, повика Светиот отец во обраќањето кое го упати во исламскиот храм, наречена по  името на покојниот азербејџански претседател Гејдар Алиев.Тој истакна дека “Господ не може да се користи за лични интереси и себични цели, не може да се користи за оправдување на каква и да било форма на фундаментализам, империјализам или колонијализам “.

Папата Францис и пред излегувал со слични апели и посетувал џамии, забележуваат агенциите. Денес, тој  за првпат го упати овој апел од исламски храм во присуство на претставници на други религии.