Грчките аеродроми нема да работат четири дена

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Авиодиспечерите одржуваат штрајк против реформите во службата за цивилна авијација

aerodormi
Грчките аеродроми нема да работат четири дена поради штрајк на авиодиспечерите против реформите во службата за цивилна авијација, соопшти РИА Новости. “Штрајковите на диспечерите ќе се одржат во недела и понеделник (9 и 10 октомври),  и уште и во средата и четвртокот (12 и 13 октомври), нема да има ниту еден лет.Меѓународниот аеродром “Елефтериос Венизелос” во Атина ќе биде затворена во текот на овие денови. Нема да имаме ниту еден лет, ниту внатрешен, ниту меѓународен “, соопшти претставник на новинската служба на аеродромот. Тој не го  прецизира бројот на укинатите летови.

Незадоволството на авиодиспечерите беше поттикнато од усвоениот во парламентот закон за реформа на службата за цивилна авијација.Реформата е неопходен услов за доделување на следната транша на кредитот од 2,8 милијарди евра.

Цивилната авијација во нашиот јужен сосед се дели на две одделни структури. Се создава ново управување на цивилната авијација, што ќе има нормативно-надзорна функција.

Новата структура е потребна за подготовка  и приватизација на 14 регионални аеродроми и продажба на 30% од државниот пакет во 55% од акциите на атинскиот аеродром

Се создава и национален контролен орган по аеронавигација. Покрај тоа националното законодавство се доведува во согласност со законодавството на ЕУ.

Во цивилната авијација на Грција работат 3 илјади луѓе. Откако беа пријавени плановите за реформи, тие изјавија  за штрајкувачка подготвеност. Луѓето стравуваат дека наскоро ќе останат без работа.