102
Популарната книжарница „Табернакул“ утре престанува со работа, по 17 години постоење, беше објавено во соопштение од истоимената издавачка куќа, објави Нова Македонија.
„Табернакул“ им се заблагодари на сите читатели и посетители во изминатите години од работењето на книжарницата, но не ја наведе причината за одлуката.
Изданијата на „Табернакул“ ќе се купуваат како и досега, преку интернет, како и во мрежата на книжарници кои ги имаат правата за продажба на нивните книги.