Албанскиот премиер Еди Рама синоќа преку неговиот официјален Фејсбук профил се огласи за заедничката платформа на албанските партии во земјава. Тој ја нарече „историска“ заедничка платформа за преговорите за формирање на македонска влада. Според него, партиите направиле историски чекор и порача дека Албанците не преговараат за фотелји. Јако !

Оваа порака не допре до македонските политички репрезенти, уште помалку така како што треба, до гласачот за Македонија! Тие и натаму тргнуваат од меѓуетничките фрустрации и омраза која ја посеа владеачката ВМРО ДПМНЕ во текот на целата кампања. Страв од двојазичност!? Тие и натаму тргнуваат само од сопствената самобендисаност и локал-национал-патриотизам, не ги читаат зборовите дека борбата за власт не е борба за тендери и фотелји, за вработувања на своите партиски војници и пријатели, туку борбата за власт е водење на државата кон прогрес, дефинирани европски вредности, просперитет и убав живот, мир и сигурност за сите граѓани, а не само за тие кои се околу партијата и кои вршат валканици за лидерот, претседателот и премиерот.
Е, тоа албанскиот премиер Еди Рама им го честиташе на Албанците во Македонија, кои исто така закрвени, закарани и алчни за власт, успеаја да се надминат себе си и да се обединат во име на интересот на своите гласачи, народот и интерес на државата за која сметаат дека може да биде уште посилна ако се средат нивните барања и концепти. Така се изјаснуваат.
Следниот чекор треба да биде дека за сето тоа треба отворено да се дебатира. Тоа е редот на демократските процеси. Но, како се прави првиот исчекор кон обединувањето на интересите дефинитивно покажаа како се прави Албанците. Гласачот Албанец прв покажа и несогласување, го казни Ахмети и партнерот по тендери и криминали Груевски, и гласаа против него. Со нивниот глас кажаа не за партиска и етничка лојалност, му ја преполовија силата на ДУИ и дадоа предност на новите струи, движења и концепти, а дел гласаа за опозицијата во македонскиот блок.
АХМЕТИ, КАСАМИ И СЕЛА УСВОИЈА ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕСТВО ВО НОВАТА ВЛАДА
Македонците уште ги бројат гласовите кој е појак, а кој послаб, и уште мезат крај божиќната трпеза и наздравуваат и пијат за тоа кој победил, а кој загубил -два „мање или више“, тури уште по една !
Од политичкото партиско слепило дури и не се прават комбинации за обединување на гласовите на македонскиот политички блок, вториот екстрем, колку за одговор на тезата Албанците „се обединуваат против нас“, ајде ние против нив. Нема контра акција и спонтаност од „големите патриоти“ против тоа Албанците, туку само Заев е виновен за оваа дереџе на Македонија. Молк во македонскиот политички блок!?
Програмите се за избори, но сега во ваков контекст нема ниту одговор за што им е власта!? Сега за што се тепаат, за владеење за провизии, за наша победа или да се седне во фотелја, па да ќе видиме што потоа.
Дури и нема комбинации сите македонски партии и сите албански на куп, во стилот на една изборна единица и делба на власта, во интерес на Македонија.
Албанците најавуваат концепти и испорака на големи барања за што треба вклученост на сите субјекти, одговорност на сите и сериозен општ консензус. Не е воопшто темата дали Иванов утре или задутре пак ќе му го додели решението за мандатар на својот сопартиец Никола Груевски. Тоа е очекувано, но тоа не решава ништо.
Прашањето е зошто Македонците и натаму не се обединуваат за Македонија?
Дилемата е дали токму тоа не е вистинската причина за кризата и за пропаст за државата, а не дека Албанците сега се обединија и се против Македонија, и тие ќе диктирале- напротив! Тие не се закана.
За чиј интерес сега одработуваат македонските политички партии?
Албанците се обединија за Македонија, Македонците кога?
Ад