Руската Дума усвои на прво читање закон за декриминализација на семејното насилство, објавија московските медиуми. Законодавната промена е поддржана од 368 пратеници, кои претставуваат 81,8% од сите, покажува извештајот од гласањето. Против бил еден пратеник, а друг еден е воздржан.

Во случај да законот биде конечно донесен, домашното насилство нема да се смета за кривично дело, туку за административна прекршување. Сепак постои ограничување – дозволеното “потшлапување” на брачниот партнер е еднаш годишно.

Во јули минатата година претседателот Владимир Путин  го декриминализира насилството кое не предизвикува вистинска физичка траума.

Новиот закон е поднесен од пратеничката Елена Мизулина, претставник на партијата “Праведна Русија” и претседател на парламентарната Комисија за прашањата на семејството, жените и децата. Таа е и еден од активистите на борбата против геј-пропагандата во руското општество.

Според Мизулина досегашниот закон е “антисемеен и е за  исконскоото право на родителите да ги тепаат своите деца.”

Според статистика на руската влада 40% од сите тешки злосторства се случуваат во семејството, а 36 000 жени и 26 000 деца се жртви на тепање од страна на партнерите / родителите секоја година.