Премиерот во оставка на Србија, Александар Вучиќ ги увери претставниците на Европската унија, кои го посетија Белград во средата дека неговата земја останува посветена на пристапувањето во блокот, пренесува радио Voice of America.
Тој, сепак, предупреди дека Србите исто така сакаат да ги извршуваат традиционални врски со “пријатели од Истокот”. И во последните месеци овие пријатели во Кремљ беа на линија , велат западни претставници и аналитичари.
Москва се почесто излегува со ставови и пораки за внатрешни проблеми кои се случуваат на Балканот. Нејзината последна порака е се погласната инволвираност во случувањата во Македонија.
Руското министерство за надворешни работи вчера изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и оцени дека политичката криза во земјата дополнително се продлабочува поради надворешното мешање во внатрешните работи на земјата.
Во соопштението што преку „Твитер“ го сподели Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, се наведува дека на
Македонците со активна помош од ЕУ и од НАТО се обидува да им се наметне „албанската платформа“, создадена во кабинетот на премиерот во Тирана, во рамки на идејата за Голема Албанија, која има територијални претензии кон големи области на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција.
„Особено е вознемирувачки што во оваа измама беа вклучени и властите на еднострано прогласеното за независно Косово. Сметаме дека оваа линија е крајно опасна, која води кон уништување на македонската државност и кон дестабилизација на Балканот во целина“, стои во соопштението на руското МНР.
Во соопштението се наведува дека сакаат да потсетат дека предвремените парламентарни избори во Македонија, кои се одржаа на 11 декември лани, со помош на ЕУ и на САД, беа обележани со победа на владејачката партија предводена од Никола Груевски.
„Сега Западот му дозволува на албанското малцинство да се обиде да ја доведе на власт поразената опозиција, поставувајќи им ултиматум со потпишаните барања на Албанците, што води кон ерозија на уставниот поредок на земјата. Понатамошните десктруктивни обиди што се наметнуваат однадвор, спротивно на волјата на македонските гласачи, може само да ја влоши ситуацијата.
Мора да се престане со странското мешање во внатрешните работи на Македонија, да им се дозволи на македонските граѓани да одлучат за својата иднина, во согласност со основните демократски принципи“, стои во соопштението на руското МНР.
Вчера во Македонија беше и високата преставнична за надоврешна политика на ЕУ, Федерика Могерони која исто така индиректно врати на предупредувањето:
“Сите политички лидери ктреба да имаат институционална одговорност за намалување на воинствената реторика и да се смири ситуацијата и да не се дозволи кризата да станува геополитички конфликт, затоа што живееме во сложени времиња – порача Могерини.
Регионална порака упати и американсиот амбасадор во Скопје Џес Бејли кој побара од соседните држави да се држат на пристојна дистанца од случувањата во Македонија.Тој нагласи дека станува збор за внатрешен проблем на Македонија за која одгорноста е е во преиспитување на одлуките на локалното лидерство на чело со претседателот Иванов.