Учениците во средните училишта треба да бидат обучени како да препознаваат лажните вести на интернет, нуди директорот на одделот за едукација во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Андреас Шлајчер.

Предвидено е прашањата поврзани со вештини за критична проценка на информациите наскоро да бидат вклучени во тестирањето на организацијата, на кои се јавуваат ученици од неколку десетици земји, пренесе ББС.
Во ерата на дигиталните технологии ученици треба да се здобијат навики за критичко размислување, да можат за анализираат информациите кои ги добиваат од доводи за вести и социјалните мрежи, категоричен е Шлајчер. Младите не разликуваат вистинските од лажните вести, покажуваат најновите истражувања. Образованието може да ги научи луѓето да бараат виситните информации.
Во услови во кои корисниците на социјалните мрежи добиваат низ нив само перспективи, кои се блиски до нивните ставови, училиштето треба да обезбеди поле за судир на различни позиции, коментира тој во интервју за БиБиСи.

Remote Control and Smart TV
” Многу е важно да се разликуваат лажните вести, да знаат дека има такви и дека ако некаде нешто е напишано, не е задолжително дека тоа да е вистина. Да се свесни дека треба да поставуваат прашања и да размислуваат критички.” – Напомена Андреас Шлајчер.
Според него, овој пристап ќе најде одраз во политиката на ОЕЦД. Наскоро во тестовите на Меѓународната програма за оценување на постигнувањата на учениците (PISA) ќе бидат вклучени задачи за проверка на способноста за разликување на лажните вести од вистинските.
Мониторинг истражувања на PISA овозможи да се анализираат и споредат промените во образовните системи во различни земји и да се оцени ефикасноста на стратешките одлуки во сферата на образованието.
Во интернет одамна се шират лажни вести, но во 2016 година проблемот се манифестира со посебна острина при користењето на дезинформации во кампањата за претседателските избори во САД – во корист на кандидатот на републиканците Доналд Трамп.
Во мрежата беа ставени лажни пораки дека кандидатката на демократите Хилари Клинтон е продавала оружје на радикални исламисти, како и измислици дека папата е поддржал Трамп.
Овие лажни информации се примаат со доверба од многу корисници на социјалните мрежи, имаа многубројни чита, лайкове и споделување.
Во Германија веќе размислуваат создавањето на посебна служба за борба против лажните вести на интернет.

Битката на Европа проти