Истиот корисник пишува дека Дорна е Македонија, каде живеат згодни темнокоси луѓе кои зборуваат поинаков јазик од останатите кралства.

Творецот на фантазијата за игри за тронот Џорџ Рејмонд Ричард Мартин го освои светот со интегрираните ликови и комплексното дејство во романот „Игра на тронови“.
Има многу тероии за инспирацијата на писателот да ја напише оваа средновеквна приказна, а една од теориите вели дека бил инспириран од распадот на Југославија.
Првата книга за борбата за престолот Мартин ја напиша меѓу 1991 до 1996 година, кога се војуваше на просторите на поранешна СФРЈ. Американските медиуми во голема мерка тогаш ги следеа случувањата во Југпславија.
Различни народи и култури
Според појаснувањето на еден корисник на Tumblr, Мартин земјата и народите на Вестерос во книгата ги споредил со оние на просторот на поранешна Југославија. Седумте кралства во приказната наводно ги претставуваат републиките во Југославија плус Косово. Сите народи се прикажани со различна култура и карактеристики, како и во поранешната држава.
Според оваа теорија, Ланистерите се Словенци, русокоси и богати кои мислат дека се подобри од останатите. Кралството на Тирелите кои имаат богата и б/плодна земја се како Славонците, на северот од хрватска,. Од друга страна семејството Греј се Далматинци, опишани како луѓе од морето кои се почитуваат само едни со други, а останатите ги дрќат слаби.
Планинската земја The Vale во „Игра на тронови“ е споредена со црна Гора каде синовите се на прво место. При тоа и на едните и на другите симболот им е сокол.
Истиот корисник пишува дека Дорна е Македонија, каде живеат згодни темнокоси луѓе кои зборуваат поинаков јазик од останатите кралства.
Роберт Баратеон е како Тито
Босна и Херцеговина се поврзува со куќата на Баратеон каде живеат големи, среќни и темпераментни луѓе кои сакаат да јадат, да пијат и да се степаат. Единствен приод кон моерто кои го имаат Баратеони е Сторм Енд кој се поврзува со босански Неум.Роберт Баратеон с еповрзува со тито со чија смрт почнува распадот на Југославија
Кралството на семејството Старк е поврзано со Србија каде живеат горди луѓе и борци. Дивјаците за Големиот ѕид се споредуваат со Косовците. Војводина е поврзана со Риверленд каде луѓето сакаат да се настрана од битките.
Мартин никогаш не потврди дека Југославија го инспирирала да ја напиѓе фантастичната приказна. Во една прилика рече дека го заинтригирал распадот на Југославија. Најголемо влијание на него, како што вели имла германската митологија и „Господар на прстените“.