„Сексуално злоставување“ и во бајките: „Мојот син нема ова да го чита“

од desk2
146 прегледи

Една мајка го замолила училиштето каде учи нејзиниот син да ја отстранат „Заспаната убавица“ од литературата заради непримерната порака која ја праќа оваа приказна.

Сара Хол од Тајнсајд, тврди дека познатата приказна праќа погрешна порака до децата и не треба да ја читаат. Како што вели, додека ја читала бајката на својот шестгодишен син Бен сфатила дека бајката го оправдува бакнувањето жена во сон.

„Во „Заспаната убавица“ имаме класичен пример на сексуален чин без согласност од другата страна. Дали е тоа нормално?“, вели таа, алудирајќи на бакнежот со кој принцот ја разбудува принцезата од длабок сон.

Таа се загрижила дека децата поучени од оваа приказна ќе сметаат дека е во ред да се бакне жена додека спие.

„Во денешното општество, тоа не е примерно-мојот син има шест години, имитира се што ќе види, а не е доволно голем за да го претвори тоа во разговор. Не мислам дека треба да се укине оваа бајка. За поголемите деца тоа е одлична основа за дискусија, дали тоа е во ред или не, како се чувствува принцезата и слично. Но, зборувам за малите деца кои не треба да го прифатат тоа како нормално однесување“, вели таа за британските медиуми.