Од 1996 година, Програмата на Обединетите нации за ХИВ / СИДА (УНАИДС) го слави овој ден. Оттогаш, Светскиот ден за борба против СИДА стана почетна точка на целогодишна кампања фокусирана на образованието  и свеста.

  Во 2004 година, беше формирана независна организација – Светската кампања за СИДА, која ги презема кампањите.   Програмата на Обединетите нации за ХИВ / СИДА (УНАИДС) продолжува да обезбедува финансиска и техничка поддршка.

На секои 17 секунди едно лице е заразено со ХИВ, а од почетокот на епидемијата, 35 милиони луѓе умреле од СИДА.

Околу 1.8 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот СИДА во 2016 година. Ова значи дека новите ХИВ инфекции се регистрираат во просек на секои 17 секунди, регистрирани се просечно 5000 нови инфекции дневно забележува црната статистика.