Лажните вести на интернет се шират побрзо од реалните. Ова го  покажува нова студија на институт за технологија на Масачусетц, објавени во научна студија  преенсоа  светските новински агенции.

 

Според заклучоците, ова се должи на корисниците на самите социјални мрежи, а не на т.н. бот програми. Објаснувањето за овој феномен е дека бараме информации за да не изненади, а овие “вести” се покажуваат како соодветни за целта. 

Излегува дека лажните вести заземаат 6 пати помалку време за да дојдат до читателите од вистинските. Исто така, има 70% помала веројатност да споделуваат вистински информации.

Технолошкиот институт во Масачусетс студирал околу 126.000 статии што беа споделени на Твитер во периодот од 2006 до 2017 година. Меѓу нив постојат и вистински и лажни. Тие се делат од 3 милиони луѓе над 4,5 милиони пати.

Исто така станува јасно дека корисниците кои објавуваат лажни вести се помалку активни, следат помалку други страници и корисници.