Одделението за итни случаи во болницата Иеншопин во Шведска е затворено поради сомнителен случај на пациент со ебола.

Пациентот бил примен во одделението за итни случаи во болницата Иеншопин во петокот, пред да биде транспортиран во инфективното одделени во Универзитетската болница во Упсала, пренесе The Local.
Од таму велат дека резултатите од тестовите се очекуваат вечерва, а соменението дека пациентот е заболен од ебола стои, но можно е и да боледува од друга болест.
Одделението за итни случаи во олницата Иеншопин е привремено затоврено, а прегледани се сите членови на медицинскиот персонал кои дошле во контакт со пациентот.
Другите пациенти се препраќаат во Универзитетската болница во Упсала или во болницата во Вестерос.
Шефот на болницата во Упсала вели дека пациентот се вратил во Шведска од патување во Бурунди, откако посетил повеќе места во последните три недели, но не се знае дали посетил некои места каде има активна ебола. Нема други детали за пациентот.
Еболата е вирусна хеморагична треска , а симптомите се повраќање, дијареа, треска, суво грло, болки во мускулите, главоболки и внатрешно и надоврешно крварење. Се пренесува преку директен контакт со течности од телото, како крв,пот или плунка.