Италијанските медиуми пишуваат дека Мароканката пишувала книга за проживеаните искуства.

Сртта на Имане Фадил (33), мароканска манекенка која беше редовна гостинка на забавите на поранешниот италијански премиер Сливио Берлускони, се истражува како можно убиство, соопштија судски извори, а пренесе BBC.
Имане Фадил умре во болница во Милано на 1 март, еден месец откако беше примена во болницата поради болки во стомакот. На своите пријатели и на адвокатот им рекла дека е отруена.
Имане сведочеше на судењето на Берлускони, обвинет за плаќање сексуални услуги на малолетни проститутки.
Тој најпрво беше осуден, но потоа ослободен, а подцна е осуден за затајување данок, па мораше да одработи општокорисна работа.
Главниот обвинител во Милано, Франческо Греко зјави дека во медицинската документација на Имане Фадил има многу неправилности и дека лекарите не откриле никаква болест која може да ја објасни нејзината смрт.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фадил пишувала книга за нејзините искуства и дека ракописот е кај судиите.
Репутацијата на Берлускони е прилично нарушена по наводите за злогласните забави во неговата вила.