Гордон Ремзи за Џејми Оливер: Тоа што му се случи е ужасно

од desk2
212 прегледи

Готвачот и сопственик на ресторани рекол дека му се јавил на Џејми откако чул дека неговиот бизнис со „The Naked Chef“ пропаднал.

Кулинарското царство на Оливер западнало во административни проблеми оваа година.

„Тоа е поразувачки, мислам дека никој не сака ни да замисли да му се случи таква загуба. Тој е одлично момче и готвач и беше тажно да го гледаш како исчезнува преку ноќ. Веднаш му се јавив, испивме по еден пијалак и разговаравме за сите нас во таа работа“, рекол Ремзи.

Скоро сите ресторани на 44 годишниот готвач од вкупно 25 кои ги има упаднале во административни проблеми во мај. Илјада вработени останале без работа и изгубиле преку 93 милиони евра.

„многу е болно, многу болно. Ова е дел од мојот живот кој го градев 20 години“, рекол Оливер за колапсот на ланецот ресторани.

Ремзи ги негираше гласините за наводно непријателство меѓу него и Џејми, пренесува „Метро“.

„Минатата година бевме заедно на одмор, тој доаѓа кај мене на скара. Ние сме вистински пријатели. Никој не сака да види како некој пропаѓа, а тој е навистина исклучително талентирано момче“, рекол Ремзи.

Слични содржини