Митови за грипот: Поради нив погрешно се лечите

од Elena Daskalova
303 прегледи

Грипот се манифестира со покачена телесна температура, треска, исцрпеност, губење апетит, болки во мускулите и зглобовите, болки во грлото, кашлање…

Оваа болест треба да се прележи, да не се заморувате, да пиете многу течности и секако, да не „паѓате“ на најчестите митови поврзани со неговото лечење.

Еве кои се тие:

Од грип не се умира

Грипот е опасна болест која иако во мал процент, може да има смртен исход. Најчесто се комплицира ситуацијата кај повозрасните лица или кај оние со чувствително здравје. Особено треба да бидат внимателни оние кои имаат дијабетес, бубрежни заболувања или малигни тумори во фаза на лечење. Во тој случај постојаните контроли кај лекар се задолжителни.

Вакцините целосно спречуваат грип

Вакцината ги спречува и намалува симптомите на грипот и го прави полесно поднослив. Но, една од пет вакцинирани личности има шанси да го добие, сепак во многу поблаг облик и со полесни симптоми.

Вакцината предизвикува грип

Една од реакциите на вакцините против грип се симптоми слични на грипот, кои траат помалку од 24 часа и не се опасни. Сето тоа зависи од имунолошкиот одговор на вашето тело.

Во лечењето помага топол чај

Топлите пијалаци може да ги влошат симптомите на грипот. Пиењето течности е задолжително, без разлика дали е чај, вода, сок, но мора да бидат на собна температура.

Барате антибиотик

Ако нема сериозни компликации, антибиотиците не се потребни, бидејќи грипот и онака треба да се одлежи и најчесто може да помине без воопшто да бидат потребни силни лекови.

Редовно земање витамин Ц спречува грип

Одговорот е краток – ова не е точно.

Туширањето со ладна вода ја намалува температурата

Секогаш треба да се туширате со млака вода, за да не предизвикате температурен шок на вашето тело.

Слични содржини