Зика, ебола, птичји грип, сега и корона… Епидемии кои му беа закана на човештвото

од Elena Daskalova
391 прегледи

Во светот моментално владее паника и страв од епидемијата со коронавирусот, која изби во Кина и би можела да прерасне во пандемија. Според СЗО, веќе има нас 2700 потврдени случаи на коронавирусот во Кина, 106 лица починале, а низ светот има уште 37 случаи.

Но, не беше многу одамна кога светот се соочуваше со епидемијата на ебола, на свинскиот грип, МЕРС и така натаму.

Ова се епидемии кои можеа да го уништат човештвото, но а среќа тоа не се случи, иако смртноста на заболени беше доста висока.

Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС)

Оваа нова болест се појави во 2012 година во Саудиска Арабија. Ја предизвикува вирус од фамилијата корона. Се пренесува од животни на луѓе, а кашлицата и губењето здив се вообичаени симптоми. Од човек на човек се пренесува со физички контакт. Досега се потврдени 2499 заболени, од кои 861 лице починале.

Ебола

Еболата беше главен заканувач во периодот од 2014-2016, бидејќи рапидно се ширеше и изби епидемија од светски размери. Најпогодени беа руралните сиромашни делови на Африка, а ситуацијата уште е загрижувачка во Демократската Република Конго, каде уште се регистрираат нови заболени.

Колера

Се работи за акутна болест на цревната флора, која ако не се лечи, може да предизвика смртен исход во многу краток временски рок. Најголем предизвикувач е загадената вода. Последна епидемија на колера е забележана во 2017 година, оттогаш не се регистрирани нови заболени, но не е исклучена можноста да имало доста смртни случаи поради недијагностицирана болест.

Зика

Зика вирусот се пренесува со убод од комарец. Кај возрасните луѓе може да предизвика треска, осип, болка во мускулите и главоболки. Кај трудниците, може да предизвика деформитети на плодот. Последен медицински евидентиран случај на зика е од 2019 во Франција, а најголемата епидемија беше во 2007 година, а се повтори уште еднаш во периодот меѓу 2014-2015 година, но само во изолирани делови од светот.

Птичји грип

Првата голема епидемија беше забележана во 2005 година во Кина. Вирусот Х5Н1 ги погодува птиците, кои потоа може да го пренесат и на луѓето кои се во контакт со инфицираните животни. Болеста предивикува тегоби со дишењето и конјуктивитис. Животозагрозувачки е ако не се третира. Од 2013 до денес од птичји грип починале 616 лица.

Слични содржини