Пролетта е време на будење и тоа не само на природата, туку и кај луѓето, во телото, но и во целиот Универзум. Тоа е период кога доаѓа од освежување на вашиот дух.
Со самиот почеток на ова годишно време, постои шанса и кај вас да дојде до будење и ослободување од меланхолијата, заморот и исцрпеноста.
Како доаѓањето на пролетта влијае врз секој од вас?
Овен
Пролетта ќе ви започне доста интересно, со неколку изненадувања. Се чувствувате енергично и позитивно, но морате да бидете внимателни поради влијанието на ретроградниот Меркур. Можни се шанси за мал неуспех, од кој ќе научите важна лекција за иднината.
Бик
Оваа пролет наоружајте се со трпение и одлучност, бидејќи ќе ви донесе многу промени. Морате да преземете одговорност за своите постапки, бидејќи од вас ќе се бара да донесете неколку одлуки. Сега е вистински момент да го направите тоа, а потоа морате да си се посветите себе.
Близнаци
Финансиските проблеми, за жал, ќе ве натераат да работите работи за кои досега не сте можеле ни да замислите. Но, вие сте еден од најприлагодливите хороскопски знаци и тоа за вас нема да претставува никаков проблем. Во текот на мај многу нешта ќе се променат во ваша корист.
Рак
Конечно решивте сериозно да го сфатите животот. Тоа значи дека ќе треба да поправите многу грешки кои ги направивте изминатиот период, но бидете спремни на тоа дека не секој има намера да ви прости. Треба да го промените и сегашното опкружување, бидејќи не е здраво за вас во никој случај.
Лав
Расположението е променливо. Имате измешани чувства и страв од промени, напливи и на тага и на среќа, а тоа ви задава многу главоболки. Сепак, ако изиграте доволно мудро, ќе излезете како победник од оваа ситуација. За промена, послушајте ги советите на своите пријатели и оставете ја своеглавоста настрана.
Девица
Ве очекуваат многубројни позитивни промени. Блескате и на приватно и на професионално поле, а особено се изразени креативноста и динамичноста. Успехот е пред вас, но морате поодговорно да се однесувате со парите, бидејќи штедењето тешко ви оди.
Вага
Подготвени сте да ја земете судбината во свои раце. Сакате да имате контрола врз секој аспект од својот живот. Амбициозни сте на секое поле. Можеби е време да размислите своето знаење да го преточите во сопствен бизнис. Ќе ја имате поддршката од своите најблиски.
Скорпија
Пеперутките играат во вашиот стомак и мислите дека можете да ја заведете секоја личност која ви се допаѓа. Но, запрете тука, никој не е должен да се вљуби во вас, само затоа што вие сте вљубени во него. Бидете попаметни и не заглавувајте во односи од кои ќе излезете повредени.
Стрелец
Пролетта е посебна за вас. Ве очекува страствена романса и вртоглав успех. На вас е да не дозволите сето тоа да ви удри во глава и да мислите дека убавите нешта секако ви следуваат. Почнете да верувате во себе, самодовербата е една од најсилните моќи на луѓето.
Јарец
Време е да се насмевнете. Ќе бидете полни со енергија која ви е потребна да ги завршите сите задачи и проекти кои ги започнавте изминатиот период. Тоа ќе ви донесе многу постабилна материјална состојба, но и нови понуди за работа. Семејните односи никогаш не биле подобри.
Водолија
Лошиот период ќе го спаси неочекуваната финансиска добивка. Имате среќа што сте опкружени со луѓе на кои можете да им верувате и тие ќе ви бидат постојана поддршка за што и да треба. Обрнете внимание на нивните совети, бидејќи сите се добронамерни.
Риби
Пролетта ќе ви донесе и убави моменти, но и стрес. Ќе имате турбуленции на емотивен план. Фокусирајте се на промените, на напредокот на работата и на подобрувањето на семејните односи генерално. Можете да се остварите во некоја нова професија, само ви е потребна храброст.