Во моментов во земјава има 120 респираторни машини, а Кина веќе најавила уште 200 нови, посочи министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека набавката е во тек, но респираторните машини се запрени во Бразил, на одлука на нивната влада.

Фото: Борче Поповски
„Светските искуства велат дека 5% се на респираторна машина, тоа значи дека на 1.000 пациенти би имало 50 пациенти на респираторна машина. Набавката е во тек, но машините се во Бразил запрени, по одлука на нивната влада. Се обидуваме да ја ослободиме бројката на внес во нашата држава. Тоа беше и е единствениот кој може да ја достави бараната бројка за краток период, но имаме и друга добра информација, дека и Кина резервира 200 респираторни машини“, вели Филипче.
За респираторите од Кина, министерот посочи дека треба да се формализираат актите како тие да стигнат во нашата земја, додавајќи дека имаме доволно респираторни машини во моментов.