Тројца од пациентите со коронаврус се со пневмонија, најголемиот број заболени се со лесна клиничка слика

од Aleksandar Todeski
233 прегледи

Во текот на ноќта се потврдени 9 нови случаи, со ова до 12 часот имаме 85 лица. Регистрирани се случаи во Скопје, Дебар, Гостивар, Кавадарци, Штип и Охрид, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во непроменета состојба, најтешката пациентка е во непроменета состојба во однос на вчера. Тројца со пневмонија, другите со полесна клиничка слика. Пациентите на домашно лекување се во постојана комуникација со инфектолозите, нивната клиничка слика е лесна“, рече Филипче.

Тој посочи дека стабилна и лесна клиничка слика имаат и заболените во Дебар, како и дека здравствените работници се целосно мобилизирани, а се третираат само итните и малигните случаи.

Министерот вели дека имало интерес да се знае идентитетот на заболените, но според него, актуелните мерки и оние кои дополнително ќе ги донесат, нема потреба од тоа.

Слични содржини