Информатичарот од МВР се заразил од лице кое е веќе дијагностицирано со коронавирус

од Aleksandar Todeski
283 прегледи

Прибрани се информации од вработенитот во Министерството за внатрешни работи, заболен од коронавирус, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

„Се зема анамнеза, до сега апсолутно сите случаи се во корелација со веќе познати случаи. Се прави проценка дали треба да се тестираат неговите контакти или да се почека перидот на изолација“, рече Филипче.

Тој информираше дека е дезинфицирано и работното место, односно зградата на МВР во која работи, онака како што се прави секаде каде што е пронајден случај со заболен од коронавирусот, а има и лица во изолација кои биле во контакт со него.

„Бројот на дијагностицирани е во очекуван пораст. Имајќи го ова во предвид и со цел да бидеме точни со бројката, од денеска ќе информираме еднаш во денот, во 12 часот, а бројката ќе се однесува на последните 24 часа. Со оглед на тоа што обемот кој ги водат епидемиолозите растат, невозможно е веднаш брзо да се определи бројот на луѓето кои се во врска со новозаболените“, рече Филипче.

Слични содржини