Прв смртен случај од коронавирус во Македонија, жената била дијагностицирана посмртно

од Aleksandar Todeski
255 прегледи

Го имаме првиот смртен случај, кој посмртно беше дијагностициран синоќа. Се работи за жена на 57 години од Куманово, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Наврмено и се земени два теста, но покажале негативен резултат. И покрај тоа, таа била во изолација. Третманот траел изминатата недела. По констатација на смртта, вчера е земен повторно брис и тој бил позитивен. Третиот брис е земен заради нагло влошување на ситуацијата“, посочи Филипче.

Министерот кажа дека е хоспитализиран нејзиниот син, кој има 33 години и имал влошување на ситуацијата, а е префлрен на Клиниката за инфективни болести и во моментов е во стабилна здравствена состојба.

 

Слични содржини