Нема пациенти кои биле во ризик на одделението за психијатрија во Кавадарци, каде што работи заболената лекарка, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во текот на денот се очекуваат сите резултати кои беа земени во текот на минатиот ден, во карантин е самиот оддел, целосно и нормално функционира останатиот дел од болницата“, посочи Филипче.
Тој појасни дека дека сите итни и онколошки случаи се третираат, но се одложуваат интервенциите кои може да бидат одложени, соглансо одлуките на стручните колегиуми.