Македонската новинарка од САД: Трамп е несовесен, се надевам нема да ни се случи Италија или Кина

од Ивана Рамаданова
399 прегледи

Спортската новинарка, Снежана Стефановска-Шулц, која во последните неколку години живее и работи во САД, вели дека е загрижена поради новонастанатата состојба со Корона вирусот.

„Ние веќе втора недела работиме од дома, градинките се затворени, по улиците и нема многу луѓе ниту сообраќај. Во Чикаго посериозно се сфаќа ситуацијата од Вашингтон и Њу Џерси. За жал претседателот на САД е несовесен. Тој не ја сфати сериозно ситуацијата и до пред две недели велеше дека вирусив е шега и дека нема потреба да се заштитиме. Сега бидејќи се плаши за економските последици, најави отворање на сите аеродроми до крајот на месецов. Се надевам нема да ни се случи Италија или Кина“, вели Стефановска-Шулц.

Според неа, движењето е значајно намалено, во маркет нема многу луѓе, ептен е релаксирано.

„Улиците се скоро празни, јавниот сообраќај се уште функционира како и претходно. Луѓето не излегуваат од дома за да се прошетаат. Најраздвижено е на атлетските патеки. Луѓево не се откажуваат од спорт, скоро сите трчаат или се на точак. Освен тоа нема поголемо движење. Сите закажни лекарски термини кои не се неопходни да се направат сега се откажуваат“, додава Стефановска-Шулц.

И.Р.

Слични содржини