Семејството Заеви ќе продолжи и понатаму со хуманитарната работа, илјадници пакети се донирани досега до најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти, да се држат до сабајле со закани и уцени, и да влезат без налог во приватен простор е навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.
Семејството Заеви, сите ние поминавме низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.