АБА2: Пелистер поуспешен од бањалучки Борац

Пред завршните два дуели од регуларниот дел од сезоната Пелистер е на осмото место, последно кое обезбедува пласман во разигрувањето.

од Бети Божиноска

Кошаркарите на битолски Пелистер забележаа попладнево важна победа во битката за пласман во четвртфиналето во АБА2 лигата, триумфирајќи над Борац од Бања Лука со 73-72.

До својата петта победа во 11 натпревар Пелистер дојде во драматична завршница со тројка на Александар Костовски на 44 секунди пред крајот на натпреварот за водство од 73-72 што остана и конечен резултат.

Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Јуре Планиниќ со 21 поени.

Пред завршните два дуели од регуларниот дел од сезоната Пелистер е на осмото место, последно кое обезбедува пласман во разигрувањето.

Утрешниот ден на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата ќе ја донесе пресметката меѓу преостанатите две македонски екипи во ова регионално натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром (7-3) веќе го обезбеди пласманот во четвртфиналето, додека ТФТ (2-8) е претпоследен на табелата без теоретски шанси да обезбеди место во разигрувањето.

Слични содржини