Абазовиќ: Недвосмислена поддршка за Милатовиќ во вториот круг од изборите

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека текот на кампањата, денот на изборите и конечното објавување на резултатите од претседателските избори претставуваат голема победа за демократијата во Црна Гора.

Абазовиќ изјави дека во вториот круг му дава недвосмислена порака на Јаков Милатовиќ, пренесува порталот РТЦГ.

„Би сакал да им честитам на сите учесници во изборниот процес за нивната политичка коректност и прилично конструктивен пристап во последните денови, со посебен акцент на Јаков Милатовиќ, кој ja има мојата искрена и недвосмислена поддршка за победа во вториот круг“, се вели во соопштението.

Слични содржини