Абазовиќ: Колку и да е силна, мафијата нема да ја победи државата

од Vladimir Zorba

Претседателот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, денеска изјави дека тунелот под зградата на Вишиот суд во Подгорица не може да се ископа до депото без помошници во таа судска институција.

Абазовиќ пред новинарите изјави дека за овој голем пропуст ќе се бара одговорност.

„Мислам дека сме на добар пат истрагата да покаже успех. Сите тимови се таму. Колку и да е силна мафијата и колкава поддршка да има во институциите на системот, таа нема да ја победи државата. изјави Абазовиќ.

Слични содржини