Абрамович протеран од Велика Британија?

од Vladimir Zorba

На рускиот милијардер Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челси, му е забрането да престојува во Велика Британија, објави британскиот таблоид „Сан“.

Како што се наведува, Абрамович со месеци не е виден во Лондон, а според изворите на весникот нема да смее да се појави бидејќи е означен како еден од руските олигарси кои се клучната поддршка на претседателот Владимир Путин.

Абрамович има и израелски пасош, што му овозможи неодамна да влезе во Велика Британија.

Тој има и вила во Лондон вредна 125 милиони фунти.

Слични содржини