Адел ослабе 45 килограми, ја откри причината и што најмногу и помогна: „Клучот е во една работа“

од Берта Китинска

Трансформација за која зборува целиот свет.

Во ексклузивното интервју Адел за престижниот моден магазин – „Vogue“ прво кое го дала во последниве 5 години, таа конечно проговори за разводот, губењето на килограмите и нејзиното ново момче Рич Пол, еден од највлијатените „NBA“ агенти.

Да потсетиме, Адел само во последниве две години изгуби неверојатни 45 килограми.

„За се е „виновна“ мојата нелагодност. Се чувствувам поубаво кога вежбам. Не се работеше за слабеење, сакав само да станам јака и здрава. Станав зависна, периодов вежбам два до три пати дневно. Дигам тегови и работам кружни тренинзи, вака е веќе трета година“

За разводот од нејзиниот бивш сопруг Сајмон Конецки, прокоментира дека го оставила затоа што веќе и било јадно да не се става себеси на прво место. Имала 30 години и се чувствувала како да и се руши светот. Не и одговарало повеќе да остане во тој однос, за на крајот да заврши како многу луѓе од нејзината околина за кои смета дека не се среќни покрај нивните партнери.

„Признавам, по разводот не се чувствував пријатно, но ништо не може да функционира на сила, па ни бракот. Ние жените сме воспитани да се трудиме да одржиме нешто, дури и кога е очигледно дека „не оди“ бидејќи така било на филмовите кои гледавме кога бевме мали. Разводот ми го скрши срцето, но издржав.“

За новото момче Рич Пол има само пофални зборови, вели имала состаноци со други момци и пред оваа врска, но тие релации биле преногу стресни за Адел. Со актуелниот партнер едноставно не ги интересира – кој каде ги видел, и кој дознал за нив. Имаат опуштен и хармоничен однос. Пол го запознала со нејзиниот  Анџело(8), но и таа има коректен однос со неговите три деца од бракот кој е зад него.

Слични содржини